Правила и услови за користење

Со користењето на сервисот SHOUTcast.mk и сите негови делови (clients.shoutcast.mk, radio.shoutcast.mk и т.н) корисниците автоматски ги прифаќаат правилата кои се наведени овде, и кои произлегуваат од важечките регулативи. SHOUTcast.mk го задржува правото на промена и дополнување на правилата и условите на користење без претходна најава.

Корисниците се должни редовно да ги читаат правилата и условите на користење, па затоа се смета дека корисниците со континуираното користење на SHOUTcast.mk во секое време се запознаени со актуелните правила и условите за користење и дека ги разбираат во целост.

СЕРВИС SHOUTcast.mk

SHOUTcast.mk на посетителите им го обезбедува користењето на содржините на услугите на SHOUTcast.mk со добра намера, а корисниците имаат право на нивно 7 дневно бесплатно користење доколку не ги кршат правилата и условите на користење.

Сервисот SHOUTcast.mk се состои од сопствени содржини, содржини на партнерите, како и линкови од надворешни страници.
Сите содржини на SHOUTcast.mk ги користите на сопствена одговорност и SHOUTcast.mk не може да се смета за одговорна за било каква штета настаната од нивното користење.

Пристапот на сервисот и сите негови содржини им е дозволен на сите лица од било која возраст, освен ако на поединечни содржини не е назначено поинаку.

АВТОРСКИ ПРАВА

SHOUTcast.mk ги поседува авторските права на сопствените маркетинг содржини, базата на податоци и програмерскиот код.
Неовластеното користење на било кој дел од системот без дозвола на сопственикот на авторските права (SHOUTcast.mk, партнерите, корисниците…) се смета за кршење на авторските права.

Доколку сметате дека SHOUTcast.mk или некој од нејзините корисници ги има повредено Вашите авторски права, случајот ќе биде разгледан веднаш, а спорната содржина ќе биде отстранета веднаш по евентуалното утврдување на вистинитоста на жалбата.

ЛИНКОВИ КОН НАДВОРЕШНИ СТРАНИЦИ

SHOUTcast.mk НЕ содржи линкови кон надворешни страници надвор од сопствениот систем. SHOUTcast.mk ги објавува линковите во добра намера и не може да се смета за одговорна за содржините надвор од порталот.

ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

SHOUTcast.mk ја штити приватноста на корисниците во најголема можна мерка.

При вашата посета на системот SHOUTcast.mk, серверот автоматски ја бележи IP адресата на корисникот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал, а крајната цел е анализа на најпопуларните содржини меѓу публиката со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.

SHOUTcast.mk се обврзува дека дека нема да ги продава или објавува на трети лица овие податоци и дека на најдобар можен начин ќе ги заштити, но SHOUTcast.mk не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашиот сервер. Во случај на законска обврска или истражна постапка, со судски налог SHOUTcast.mk може да ги сподели информациите кои ги има со државните органи. SHOUTcast.mk се обврзува дека дека ќе ја чува приватноста на нејзините корисници, освен во случај на загрозување на безбедноста на нашиот сервер и негова злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем, во случај на тешко кршење на правилата на порталот SHOUTcast.mk или незаконски активности на корисниците.

РЕГИСТРИРАНИ КОРИСНИЦИ

Со регистрирањето на поединечните делови на порталот SHOUTcast.mk (clients.shoutcast.mk, radio.shoutcast.mk…) корисниците се обврзани во процесот на регистрација да внесат точни податоци и да оберат корисничко име и лозинка. Регистрацијата е бесплатна! Секој има право на регистрирање и избор на корисничко име. Со самото регистрирање, корисникот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица.

SHOUTcast.mk не може на било кој начин да сноси одговорност за содржините кои ги објавуваат корисниците.

За сите содржини под поединечно корисничко име одговорен е исклучиво корисникот кој го користи. Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови кои авторите ги објавуваат на сопствена одговорност. Од тука, сопствениците и/или администраторите на SHOUTcast.mk не можат да се сметаат за одговорни за содржината на пораките кои се објавени од членовите.

По утврдување на оправданост на евентуална жалба, сервисот SHOUTcast.mk е должен во разумен рок да ги отстрани содржините на корисниците кои не се во склад со важечките закони.

Корисникот се согласува дека никогаш нема да користи две или повеќе членски имиња при регистрацијата. Оваа акција се казнува со перманентна забрана за пристап (бан) на сервисот.

Корисникот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страници кои содржат вируси, тројанци и друг материјал кој може да наштети на “SHOUTcast.mk” и корисниците.

Модераторите и администраторите на сервисот го задржуваат целосно правото без претходна најава да ги избришат сите информации приложени на сервисот од страна на членовите со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени на сервисот, е-маил билтенот, информации за корисникот, аватари, потписи, па дури и целото корисничко име – доколку тие одлучат дека тоа е потребно.

Членот не смее да го уништува правилникот на сервисот SHOUTcast.mk со други информации кои не се поврзани со темата, лични муабети и слично. За се’ што не е поврзано со темите на сервисот, постојат приватните пораки.

SHOUTcast.mk го задржува правото на поединечни корисници да им забрани пристап до сервисот или поединечни делови од сервисот доколку се утврди дека корисникот ги прекршил правилата. Кршењето на правилата на сервисот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на сервисот.
За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите и супермодераторите на сервисот, а членот ќе биде известен за причината.

Банираните членови, односно членовите со забранет пристап на сервисот (привремено или трајно) не смеат да отворат ново членство. Доколку тоа се случи, тие ќе бидат трајно банирани или избришани.

Сите прашања во врска со “SHOUTcast.mk”, сервисот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во контакт формата на SHOUTcast.mk или на е-маил info@shoutcast.mk каде ќе добиете одговор во најскоро можно време.

Корисниците се должни да ги чуваат одговорно нивните кориснички налози и лозинки.
SHOUTcast.mk не може да се смета за одговорна за неовластено користење на корисничките налози од страна на трети лица, ниту за евентуалната штета на корисникот настаната на тој начин.

Е-МАИЛ МАРКЕТИНГ

Водењето на успешен бизнис значи посебно внимание и грижа на сите наши редовни и потенцијални клиенти. Со одржувањето персонален контакт со секој наш клиент, значително можеме да ја унапредиме и зголемиме продажбата на нашите производи или услуги. Е-маил маркетингот е ефикасна ПР (Public Relations) техника, персонално таргетирана, додавајќи повеќе вредност на нашите производи и услуги. Е-маил маркетингот SHOUTcast.mk го користи за:

Е-маил новости (newsletters) кои привлекуваат и поттикнуваат продажба;
Промоција на попусти, доделување купони за попусти и промоции на нови производи и услуги;
Персонална е-маил покана за важни компаниски настани.

Со самата регистрација на системот SHOUTcast.mk,(clients.shoutcast.mk) системот ве додава во групата на корисници кои по автоматизам ќе добиваат:

Е-маил новости (newsletters) кои привлекуваат и поттикнуваат продажба;
Промоција на попусти, доделување купони за попусти и промоции на нови производи и услуги;
Персонална е-маил покана за важни компаниски настани.

Се до моментот додека Вие не ја исклучите опцијата од вашиот кориснички панел односно SHOUTcast дневни е-маил известувања.

ВИЕ СЕ ОБВРЗУВАТЕ ДЕКА НЕМА:

– Да ги користите Е-маил комуникациските сервиси на SHOUTcast.mk за спамирање или било кој друг начин на масовно препраќање комерцијални или содржини од друг облик за ваша намена;
– Да малтретирате, загрозувате, навредувате, заканувате или на било кој друг начин да ги повредувате правата на другите корисници и туѓи комуникациски сервиси;
– Да објавувате и ширите содржини заштитени со авторски права;
– Да објавувате непристојни, вулгарни или незаконски содржини;
– Да прикачувате фајлови кои содржат вируси, црви, тројанци или било каков малициозен софтвер;
– Да се претставувате лажно со цел измама на друг корисник;
– Да сугерирате дека на било кој начин сте во службен однос со порталот SHOUTcast.mk;
– Да кршите било каков важечки закон.

SHOUTcast.mk го задржува правото на поединечни корисници да им забрани пристап до сервисот или поединечни делови од сервисот доколку се утврди дека корисникот ги прекршил правилата на Е-маил комуникациските сервиси на SHOUTcast.mk.
Кршењето на правилата на сервисот може да резултира и ќе резултира со бан, односно забранет пристап на сервисот.
За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите и супермодераторите на сервисот и правната служба а членот ќе биде известен за причината.

НАДОМЕСТ НА ШТЕТА

Доколку тимот на SHOUTcast.mk биде тужен и му се заканува тужба од трети лица поради нешто кое вие сте го направиле со користењето на услугите или како наш соработник, вие се согласувате да ги сносите последиците доколку се констатира дека SHOUTcast.mk е виновен или треба да плати паричен надомест за помирување. Во правна смисла, ова се нарекува надомест на штета. Не само што се сложувате да ги рефундирате средствата кои сме ги дале за да ја задоволиме пресудата или да го решиме сето тоа спогодбено, туку исто така се сложувате да ги платите и адвокатските хонорари на оние кои ќе не застапуваат и сите други трошоци со кои SHOUTcast.mk може да се здобие бранејќи се себе си.

Поради развојот на нашиот бизнис и променливата природа на радио веб хостинг индустријата, овие правила на користење на услугите може да бидат променети. Промените ќе бидат објавени тука и продолжувањето со користењето на продуктите и услугите значи дека ги прифаќате промените кои сме ги направиле.

Последна промена: 20.03.2020

www.escortbodrum.asia - www.eskisehiralarm.com - www.eskisehirsu.com - www.mersinescortalev.com - www.mersinescortelvin.com - www.mersinescortfiruze.com - www.mersinescortmariyana.com - www.rentaladana.com - www.mersinescortmira.com - www.mersinigrt.com - www.mersintirpazari.com - www.adanaburada.net - www.discovermersin.com -

Sağlıktan Haber